8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

САД планира да повлече дел од своите војници и од Авганистан

Пентагон планира да ги повлече половина од 14.000 американски војници кои служат во Авганистан, објавија американски официјални претставници кои засега остануваат анонимни.

Агенцијата АП пишува дека ова претставува остар пресврт на политиката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, чија цел е да ги принуди талибанците на мировни разговори по повеќе од 17 години конфликт.

САД пред само неколку дена ги повлекоа и своите војници од Сирија. Белата куќа прогласи победа над Исламска држава.

По одлуката на Трамп за повлекување на војниците стигнаа низа коментари и критики од светските лидери. Дел од нив велат дека Исламската држава се уште не е уништена. Дел пак велат дека повлекувањето на САД од Сирија би можело да предизика војна.

Спонзорирано: