10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Движењето на „жолтите елеци“ се прошири и на Тајван

Поттикнати од француското движење на „жолтите елеци“, и граѓаните на Тајван организираа свои протести пртив даночните измени во земјата, кои се очекува да продолжат в сабота.

Поддржувачите на Тајванската лига за даночни и правни реформи, облечени во жолти елеци, првпат маршираа пред тајванската претседателска канцеларија во главниот град Тајпеј во средата. Портпаролот на лигата за Си-ен-ен изјави дека целта на протестите е даночниот систем да се направи потранспарентен.

Тие исто така протестираа и против неправедната даночна политика и одложувањето на имплементацијата на даночните олеснувања.

Групата била основана во 2016 година, а оттогаш тие извршуваат постојан притисок врз владата, иако ова е првпат тие да облечат жолти елеци. Портпаролот изјави дека тие се надеваат дека тајванскиот пртседател ќе ги слушне поплаките на луѓето и ќе направи одредени отстапки, исто како што тоа го стори францускиот претседател Емануел Макрон.

Портпаролот додаде дека нефер даночењето не ги поттикнува странските бизниси да инвестираат на островот.

Следниот протест на Лигата ќе се одржи пред седиштето на Министерството за финансии во Тајпеј оваа сабота.

Спонзорирано: