14.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ трошеше на криминални тендери и барок, сега граѓаните гледаат што е одговорна работа

Нема поголемо зацрнување на економијата, државата и иднината од 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога парите на граѓаните бесмилосно се трошеа на криминални тендери, провизии и лажен барок, велат од СДСМ како реакција на прес-конференцијата на Димче Арсовски од опозициската партија кој обвини дека владата за една и пол година ја задолжила државата за 357 милиони евра.

Од СДСМ сметаат дека лицемерно е партијата која, како што велат, е симбол на непродуктивно задолжување по огромни каматни стапки, денес да зборува за задолжувања.

„За разлика од таквиот однос кон граѓаните и економијата, Владата предводена од СДСМ одговорно управува со парите на граѓаните, го стабилизира долгот и ја поставува економијата на здрави основи. Доказ за тоа се и официјалните податоци кои покажуваат дека на крајот на 2016 година јавниот долг изнесувал 48,8 отсто од БДП, додека во третиот квартал од оваа 2018 година, јавниот долг изнесува 48,2 отсто од БДП“, се наведува во партиската реакција.

Од СДСМ додаваат и дека антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски не може да се помири со успешните економски политики на Владата и затоа постојано шири лажни вести.