22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривични за струмичанец и скопјанец за нелегално поседување и трговија со оружје

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривични пријави против 70-годишен струмичанец и 65-годишен скопјанец за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Како што информираат од МВР, на 05. октомври годинава на струмичката улица „22-ри Декември“, од страна на полициски службеници, при претрес во домот на првопријавениот, биле пронајдени и одземени 15 куршуми со калибар 7,65 милиметри и 52 куршуми со калибар 9 милиметри.

Против струмичанецот е поднесена и пријава за недозволена трговија.

Истиот ден во Скопје на улица „Џон Кенеди“, од страна на полициски службеници, при претрес во домот на второпријавениот, биле пронајдени и одземени рамка за пиштол, 33 куршуми со калибар 9 милиметри и осум куршуми со калибар калибар 7,65 милиметри.

Спонзорирано: