11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведени крадци кои ограбиле две трафики и четири аптеки во Скопје

Полицијата до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против Ж.М.(33) и Д.Т.(39) кои се сомничат за шест кривични дела.

Кривичните дела се извршени во текот на ноември и декември годинава, кога пријавените со закана со пиштол извршиле разбојништво во две трафики лоцирани на булевар „Климент Охридски“ и улица „11-ти Октомври“ како и во четири аптеки лоцирани на булевар „Кочо Рацин“, улица „Вангел Тодоровски” и две на улица „Васил Главинов“, сите во Скопје.

Како што соопшти полицијата, двајцата биле затекннати на 18-ти овој месец во близина на продавница на булевар „Кузман Јосифовски Питу” со намера да извршат кривично дело, по што се приведени. При преглед над пријавените пронајдени се еден пиштол-запалка и други предмети што ги користеле при извршување на кривичните дела.

По преземени мерки и извршен разговор со приведените, тие ги признале делата и го појасниле начинот на извршување на шесте кривични дела за кои е поднесена кривична пријава.

Спонзорирано: