18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп му пиша и на Вучиќ

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, добил писмо од претседателот на САД, слично со она што го објави косовскиот претседател, Хашим Тачи, јави порталот „Политико.еу“.

„Политико“ пишува дека Трамп во писмото ја изнел можноста Тачи и Вучиќ да се состанат во Белата куќа во случај да биде постигнат договор помеѓу Белград и Приштина.

„Вучиќ доби слично писмо од Трамп“, објави „Политико“ повикувајќи се на советникот на Вучиќ за медиумите.

„Политико“ оцени дека Трамп на овој начин всушност испратил порака до владата на косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, кој го критикува пристапот на Трамп кон преговорите и кој зазеде тврда линија кон Србија вклучувајќи ги и царините од 100 проценти на производите од Србија.