17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Три години биле хакирани пораки на европски дипломати

Хакери успеале да хакираат дипломатска комуникации меѓу дипломати на Европската Унија, објави „Њујорк тајмс“. Како што се наведува, дипломатската комуникација била пресретнувана неколку години.

Дека составот на комуникации на дипломатите е компромитиран, открила фирмата за сајбер-безбедност „Ареа 1“. Методата што била користена од хакерите е слична на онаа што претходно ја користела кинеската војска, отркил експерт во истрагата.

„По десетгодишно искуство и средби со кинески сајбер-операции, нема сомнеж дека оваа кампања е поврзана со кинеската влада“, рекол експертот.

Европските службеници порачуваат дека не се хакирани пораките и разговорите што се класифицирани како тајни, односно доверливи. Тие додале дека составот бил пробиен пред три години. Една од пораките што ја пресретнале се однесуваат на состанокот на Трамп и Путин. Во пораката еден од дипломатите на друг дипломат му јавува дека состанокот бил успешен, барем за Путин.

Во другата порака се разменуваат детали од приватен состанок меѓу кинескиот претседател Шји Џјинпинг и функционер на ЕУ, до која дошле оваа година. Еден функционер го цитира Шји како зборува дека Кина нема да биде малтретирана од страна на Вашингтон, па дури и ако трговската војна им наштети на сите.

„Њујорк тајмс“ додава дека се хакирани и многубројни други институции, вклучително и ОН, како и дека за тоа се известени.