16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Пократки денови, помалку среќа: Сонцето влијае на расположението на луѓето

Истражувачите од Универзитетот Бригам Јанг, во Јута, испитувале како сонцето во текот на денот, од изгрејсонце до зајдисонце, влијае на нашето однесување.

Резултатите покажале дека должината на сончевиот временски интервал во текот на денот генерално влијае на менталното здравје на луѓето, дури и повеќе отколку други фактори како што се температурата, загадувањето на воздухот или дождот.

Тимот експерти открил дека луѓето се помалку среќни кога деновите се пократки и има помалку сонце. Од друга страна, се многу порасположени кога деновите се подолги.

Научниците ги анализирале метеоролошките податоци од универзитетската метеоролошка станица како и податоците за загадувањето на воздухот.

„Во текот на деновите кога врне дожд или во деновите кога загадувањето е зголемено луѓето претпоставуваат дека би можеле да имаат повеќе непријатности. Ние тоа, меѓутоа, не го воочивме. Го набљудувавме зрачењето на сонцето или количеството на сончеви зраци кои паѓаат на Земјата. Ги земавме предвид облаците, дождот, загадувањето… На крајот заклучивме дека на луѓето најмногу влијае должнината на сончевиот период меѓу изгрејсонцето и зајдисонцето“, соопштил авторот на студијата Марк Бичер.

Спонзорирано: