16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Намалена видливоста од Гајре до Попова Шапка поради магла

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, освен на осојничавите места, соопшти Авто мото-сојузот на Македонија. Поради магла, намалена е видливоста од 50 до 100 метри од селото Гајре до Попова Шапка.

АМСМ потсетува дека поради голем одрон, патниот правец А3 Каменица-Делчево е затворен за сообраќај. Лесните возила може да се движат преку патниот правец Виница-Бигла-Делчево, а тешките теретни возила исклучиво само преку Берово.

Авто мото-сојузот на Македонија препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утринските часови, постои можност и од појава на голомразица.

Спонзорирано: