12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Кафуле во Тексас нуди магични напивки инспирирани од Хари Потер и волшебниците

Новоотворено кафуле во Тексас нуди неверојатна понуда – магични напивки и декор инспирирани од Хогвартс, познатото училиште што го посетуваа Хари Потер и неговите пријатели.
Кафулето MUGG (le) е отворено во Корпус Кристи, Тексас, минатата недела и на неговото мени се најдоа пијалаци создадени од вештерки и волшебници од магичниот свет. Можете да нарачате weaselBee, која е нивната верзија на златно млеко, или напивката од зелен чај, мед и бадемово млеко.

За оние што сакаат да ги разбудат својата мрачна страна, својот внатрешен демон, најсилниот и најмрачен пијалак во менито е соодветно наречен Тhe demen.

Сопственикот на кафулето, Сузан Алмагер (32), сакаше да отвори бизнис каде што сите би можеле безбедно да се дружат, без да бидат осудувани.

„Овде може да дојде секој, од секоја возраст. Овде луѓето може удобно да седат со своите пријатели, меѓу зандани и змејови и никој да не ги осудува за тоа“, изјави Алмагер за Си-ен-ен.

Алмагер е самохрана мајка и била инспирирана од своите деца Емили Ева – 9 и Еверет Исаи – 5 за отворање на кафулето.

Спонзорирано: