7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Конзерва „кока-кола“ реши случај на убиство стар 30 години

На маж од САД ќе му биде судено за убиство што го извршил во 1989 година, откако колешка од работа му зеде ДНК од фрлената конзерва „кока-кола“ и им помогна на детективите да го решат случајот.

Тимоти Бас (51) од државата Вашингтон го очекува судење за силување и убиство на 18-годишната Аманда Ставик, која исчезна откога отиде да трча во близина на својот дом, објави „Вашингтон пост“.

Телото на тинејџерката беше пронајдено три дена откако таа исчезна, но убиецот остана нерешена мистерија речиси три децении.

Но во август минатата година се случи пресврт кога колешката на Бас дозна дека тој е осомничен за убиство. Жената со која работел, а чиј идентитет е непознат за јавноста, „чувствувала морална обврска да помогне во истрагата”.

Откако Бас завршил со ручекот, таа тајно ја зела неговата конзерва „кола“ и пластична чаша и ги предала на детективите, кои веднаш ги испратиле во лабораторија.

Резултатите покажале поклопување на ДНК од конзервата со оние на местото на злосторството.

Судењето започнува во април.