14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ременски:Секој има право на амнестија,а дали ќе добие одлучува судот

,,Нема да бидат амнестирани лица кои биле организатори на настаните од 27 април.Тука спаѓаат лицата кои носеле оруже и фантомки, кои извршиле насилство и службени лица кои ги прекршиле овластувањата”,рече пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски Ташевска по завршувањето на состанокот на Интерпартиското тело за помируваање.

Таа рече дека членовите на ова тело ги усогласиле ставовите околу нацрт-законот кој до вечер ќе влезе во собраниска процедура.Таа рече дека законот не се фокусира на тоа кој ќе биде амнестиран,туку на делата кои нема да влезат.

,,Делата поврзани со терористичко загрозување и здружување заради непријателска дејност не влегува во оваа законско решение”,рече Ременски.

Таа додаде дека телото нема право да дава квалификации кој треба да добие амнестија, за тоа ќе одлучува судот врз основа на ОЈО, кое ќе се темели на доказите што ги поседува.

,,Ние не одлучуваме.Законот е јасен, по негово донесување секој има право во рок од 5 дена да поднесе барање за амнестија. Не навлегуваме во тоа како ќе одлучи понатаму надлежниот орган”, вели Ременски. Таа додаде дека ако некој не се чувствува виновен,не мора да поднесува барање,може да ја докажува својата невиност до крај на постапка.

Во врска со обвинувањата дека законот е селективен и не е фер и дека на овој начин се прави селективна амнестија, таа рече дека тие биле пратеници, а не судии и обвинители.