20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Кремљ ги отфрли новите извештаи за вмешаност во изборите во САД

Кремљ ги отфрли двата нови извештаи за вешаност на Русија во американските претседателски избори од 2016 година, нагласувајќи дека во нив недостигнаат детали, односно не успеале да појаснат како руската влада наводно била вмешана.

Во извештајот на приватните експерти, што американските сенатори го обелоденија во понеделникот е наведено дека мешањето на Москва преку социјалните мрежи била многу повеќе раширена отколку што претходно се верувало, и ги вклучува настојувањата дека Американците биле поделени по расна и екстремна идеологија, пренесе „Ројтерс“.

Кремљ и претходно ги негираше извештаите за вмешаност на Москва во изборите во САД, истакнувајќи дека станува збор за политички мотивирана, антируска кампања.

Спонзорирано: