7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-Народна партија: ГМО производството ќе го наруши здравјето на граѓаните

ВМРО-Народна партија реагира во однос на наводите од страна на директорот на АХВ, Зоран Атанасов, за можното бришење на членот со кој се забранува производство, ставањето во промет и увозот на храната и производи кои содржат ГМО.

„Многубројни истражувања од регионот докажуваат за штетното влијание на ГМО храната врз човековиот организам, особено за зголемените ризици од заболување на рак, генетски мутации и опасноста од прекумерна тежина“, вели партијата во реакцијата.

ВМРО-Народна партија предлага да се воведе мораториум по прашањето за ГМО храната во траење од пет години се додека не се извршат дополнителни истражувања во однос на опрвданоста од воведувањето на ГМО производство во нашата држава.

„Сметаме дека ГМО производството ќе доведе до губење на македонските автохтони органски производи, кои години наназад државата се бори да ги одржи во живот и ќе нанесе огромни штети по здравјето на луѓето во Македонија“, се додава во соопштението на ВМРО-Народна партија.

Спонзорирано: