13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Царовска: Во следните четири години се стремиме да го зголемиме опфатот на деца во градинките на 50 проценти

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска присуствуваше на отворање на новите простории во објектот „Јасмин“ во населбата Тафталиџе во општина Карпош.

„Ги прошируваме капацитетите на градинките, но со повисоки стандарди и со цел да ги подобруваме условите за нашите најмлади. За следната година буџетот за нови градинки и подобрување на предучилишното образование го зголемивме за 300 %. Работиме посветено и во следните четири години се стремиме да го зголемиме опфатот на деца во градинките на 50 %. Истовремено, го менуваме начинот на кој државата се грижи за децата. Градинките ги трансформираме од место во кое децата јадат и спијат во организации кои работат на развој на децата“, изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Со извршената измена објектот „Јасмин“ ќе функционира со капацитет за згрижување на 95 деца, посочија од Министерството.

Министерството за труд и социјална политика, се додава во соопштението, посветено работи на изградба на нови градинки и проширување на капацитетите за згрижување на предучилишни деца.

„Во изминатиов период се отворија 11 градинки со капацитет од 600 деца поради што се обезбедени 68 вработувања. До крајов на годинава ќе се отворат нови 11 градинки со што бројот на незгрижени деца во градинките значително ќе се намали. Тоа се 24 градинки кои за неполни две години колку што министерката Царовска е во Министерството за труд и социјална политика ќе бидат отворени. Ова покажува дека власта освен што инвестира повеќе пари во детската заштита, посветено работи и на подобрување на условите за згрижување на деца од предучилишна возраст, дури и во општините кои со години беа запоставувани“, се наведува во соопштението на Министерството за труд и социјална политика.

Спонзорирано: