13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русите распоредија „сухои“ на Крим

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека на полуостровот Крим распоредени се повеќе од 10 борбени авиони „сухои“ СУ-27 и СУ-30, откако рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Украина наводно подготвува „провокација“ во близина на Крим кон крајот на годината.

Министерството за одбрана објави дека авионите се распоредени во воената база „Белбек“ на Крим, каде што ќе бидат трајно стационирани.

Русија изврши анексија на Крим во 2014 година, а тензиите меѓу двете соседни земји се засилија откако Русија минатиот месец конфискуваше три украински воени бродови и го зароби нивниот екипаж, со образложение дека нелегално влегле во руски територијални води.

Спонзорирано: