6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Бенд за секоја сезона: „ДаКапо Бенд“ ја преработи „Пролет, лето, есен зима“

Музичкиот состав „ДаКапо Бенд“ на македонската естрада успешно функционира од 2015 година, а го сочинуваат седум врвни музичари: Љупка Арсовска (вокал), Васко Спасов (вокал), Влатко Ѓорчев (кларинет и саксофон), Горан Костадинов (клавијатура), Тодор Ушитков (клавијатура), Никола Давчев (ударни инструменти) и Стефан Илиев (труба).
Бендот годишно има повеќе од 150 настапи ширум нашата земја, но најголем дел од нив се во тиквешкиот крај каде важат и за најбарани музичари. Досега имаат реализирано три големи проекти со преработки и кавер-верзии на македонски евергрини, но и на популарни регионални хитови.

„ДаКапо Бенд“ постојната 2018 година ја затвора со својот четврти проект со преработки, а веќе следната 2019 година јавноста ќе има можност да ја слушне нивната нова студиска песна за која планираат да снимат и видеозапис.

Спонзорирано: