5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ценет и почитуван меѓу народот, амбициозен и храбар човек- Kој беше Јован Стојановски?

Јован Стојановски како градоначалник на Охрид дојде во 2017-тата година по победата на локалните избори, есента минатата година.

Познат социјалдемократ, храбар борец, но и голем професионалец, кој беше почитуван од граѓаните без разлика на политичка, етничка или верска определба. Ценет и меѓу охриѓани, но и насекаде низ Македонија.

Јован Стојановски пред да стапи на градоначалничката функција беше професор од областа на маркетинг на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

Активен беше и во политиката како координатор на советничката група  на СДСМ до 2017-та, чиј носител и беше за време на изборите во 2013-тата година.

Роден е на 07 август 1970 година во Охрид и имаше 48 години.

Стојановски Од 1990 до 1994 година, студент на додипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “ во Скопје, Економски Факултет-насока Деловна економија. Дипломски труд од област на Сметководство на трошоци во мали и средни претпријатија;

Од 1995 до 1999 година, студент на постдипломски студии на истиот Универзитет, на насоката Маркетинг. Одбранета магистерска работа на тема „Политиката на цени во туризмот“

Стојановски Од октомври 1995 година е вработен на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, како помлад асистент на група предмети од областа на Маркетинг, Меѓународен маркетинг и Промотивни активности;

Додека пак од јуни 2003 година е избран за Доцент на Универзитетот„Св. Климент Охридски“ во Битола, Факултет за туризам и угостителство–Охрид;

Во декември 2003 година е избран за Продекан на Факултет за туризам и угостителство, функција којашто е обавувана до март 2010 година;

Тој од 2008 година беше избран за Вонреден професор од научната областа- Маркетинг Менаџмент.

 

Како гром од ведро небо низ Охрид проструи веста – почина градоначалникот

На 48-годишна возраст утринава почина градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски, беше веста која проструи на социјалните мрежи уште утрово.

Неофицијално причината за смртта е инфаркт. Стојаноски починал додека го транспортирале од Општата болница во Охрид до Кардиолошкиот завод.

Граѓаните, јавните личности, многу функционери, соработници и политичари со неверување утринава ја примија веста за смртта на Стојановски.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев упати телеграма со сочувство за смртта на градоначалникот на Охрид Проф. д-р Јован Стојаноски, до неговото семејство, најблиските и пријателите.

 

Заев и Кирацовски со сочуство за ненадејната смрт на охридскиот градоначалник

Во телеграмата, премиерот Заев пишува дека смртта на Проф. д-р Јован Стојаноски, е огромна загуба за академската заедница, за Охрид, локалната заедница и за партијата СДСМ, за кои низ годините даде огромен придонес со своето посветено работење.

„Јован беше колега, пријател и голем професионалец посветен на својата визија Охрид да биде вистинска европска, културна и туристичка престолнина.

Знам дека не постојат зборови на утеха кои можат да ја намалат вашата загуба, но дозволете заедно да ги споделиме чувствата на тага за загубата на вашето семејство“, пишува Претседателот на Владата на РМ Зоран Заев, во телеграмата со сочувство за смртта на Проф. д-р Јован Стојаноски, до неговото семејство.

Сочуство упати и неговиот другар и соборец, генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, кој напиша:

Со неверување и тага ја примивме веста за твоето прерано заминување.

Беше мој, долгогодишен другар, наш соборец!
Остави своја животна трага по која ќе те паметиме, по добро.

Почивај во мир!

Сочувство до семејството Стојаноски, за големата загуба.

Комеморативна седница за починатиот градоначалник на Охрид

По повод ненадејната смрт на градоначалникот, проф.д-р Јован Стојаноски, Општина Охрид утре со почеток во 10 часот, во големата сала на општинската зграда ќе одржи Комеморативна седница, соопштија од општината.

Посмртните останки на градоначалникот на Охрид ќе бидат изложени на 17 декември (понеделник), од 12 до 14 часот во капелата на Градските гробишта во Охрид.