9.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Жртвите на силување се побунија против префрлање на вината врз нив

Либанската група за права на жените ABAAD минатиот месец почна кампања под слоганот #ShameOnWho со цел да се фрли светло врз стигмата поврзана со жртвите на силување.

Како дел од нивната капања, тие спроведоа социјален експеримент во кој активистка девет часа се преправаше дека била жртва на силување, извикувајќи „Бев силувана“ на улиците на Бејрут. За сето тоа време минувачите ѝ велеле да се смири или ја обвинувале дека е зависничка од дрога, но ниту еден од нив не повикал полиција, потенцираат од групата.

„Луѓето главно мислат дека таа е виновна и дека таа треба да се смета за одговорна“, рече основачката на групата за права на жените, Гида Анани. Таа додаде дека ги охрабруваат сите кои биле жртви на силување да го кренат својот глас за да се промени тенденцијата на обвинување на жртвите.

Но, и покрај напорите на активистите да се изборат против родовото насилство, проблемот продолжува да расте. Така, во 1994 година околу 30 отсто од жените во Либан рекле дека биле жртви на некаков вид насилство, додека денес податоците на Обединетите нации покажуваат дека дури 60 проценти од жените во земјата се жртви на насилство.

Алани нагласи дека не е познато дали ваквата бројка се должи на поголемата подготвеност на жените да го пријават насилството или, пак, на зголемениот број напади.

Сепак, во последните неколку години се забележани напори да се подобри ситуацијата. Во 2014 година парламентот го донесе првиот закон со кој се забранува домашното насилство, а во 2017 година беше укината дупката во законот со која силувачите се ослободуваат од одговорност доколу се оженат со своите жртви.

И покрај ова, во Либан сè уште не постои минималната законска возраст за стапување во брак, а силувањето во брак и понатаму е законско.

Спонзорирано: