11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

„Парни ваљак“ ќе ги забавува скопјани на новогодишната ноќ

Групата „Парни ваљак“ ќе настапи на новогодишната прослава на плоштадот „Македонија“, соопштија на прес-конференција скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, и главниот извршен директор на „Македонски телеком“, Никола Љушев.

„Една од најголемите југословенски поп-рок групи, хрватскиот рок бенд ‘Парни ваљак’, предводен од легендарниот Аки Рахимовски за Нова година во Скопје ќе ги испее вонвременските хитови со кои израснаа многу генерации во Македонија и во регионот. Мојот драг пријател Аки со задоволство ја прифати оваа понуда. Имајќи предвид дека тој долго време живеше во Скопје и дека овој град има посебно место во неговото срце, со сигурност можам да кажам дека новогодишна вечер во нашиот главен град ќе биде посебна за него и незаборавна за сите нас“, најави Шилегов.

Од Градот велат дека како дел од новогодишното расположение, центарот на Скопје од утре, сабота, ќе почне да живее во празничната еуфорија со целосна програма во „Винтерленд“, со цел на граѓаните да им се овозможат пријатни моменти поминати со своите роднини и пријатели.

На плоштадот „Македонија“ веќе се поставени дрвени куќички како дел од новогодишната населба каде што се нудат рачно изработени сувенири, украси, книги, божикни подароци, како и гастрономски специјалитети и разни топли пијалаци.

Спонзорирано: