6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Германија: Косово како суверена држава има право да основа вооружени сили

Германија соопшти дека усвојувањето на законите за трансформација на Косовските безбедносни сили во војска не смее да биде искористено за ескалација на насилството и ги повика Белград и Приштина на воздржаност.

„Косово како суверена држава има право да основа регуларни вооружени сили“, рекол портпаролот на германското Министерство за надворешни работи, Рајнер Бројл, пренесуваат српските медиуми.

Тој потсетил на јасниот став на Берлин дека трансформацијата на КБС во армија не треба да биде избрзан туку инклузивен процес што ќе го вклучи српското малцинство на Косово и ќе биде во тесни консултации пред сè со НАТО и сојузниците.

Тој ја нагласил потребата од нормализација на односите меѓу Србија и Косово и апелирал до двете страни на воздржаност.

„Усвојувањето на законите не смее да се искористи како изговор за понатамошна ескалација“, рекол Бројл.

Спонзорирано: