22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
МАКЕДОНИЈА

Запален познат ресторан во Скопје – полицијата уапсила две лица

П.П. на возраст од 21 година и С.М. на возраст од 19 години, двајцата од Скопје, кои предизвикаа пожар во угостителскиот објект „Мечка“ во Дебар Маало се приведени соопштија од полицијата.

Единица за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи – Скопје, со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје ги предаде лицата П.П. на возраст од 21 година и С.М. на возраст од 19 години, двајцата од Скопје, поради постоење на основи на сомнение дека сториле две кривични дела.

Како што соопштија од полицијата, првопријавениот сторил кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, предвидени и казниво по член 292 во врска со „предизвикување општа опасност“ и предвидено и казниво по член 288 од Кривичниот законик на Република Макеоднија, а второпријавениот сторил кривично дело „помагање“ предвидено и казниво по член 24 од КЗ на РМ во извршување на овие дела.

Од полицијата велат дека 26 минатиот месец околу 2:50 часот во угостителскиот објект „Мечка“ лоциран во Дебар Маало во сопственост на С.Б., првопријавениот го отстранил прозорското стакло од влезната врата на ресторанот и со запалива течност го полеал внатрешниот дел од оградата на терасата по што предизвикал пожар во објектот.

„По пријавување на настанот, преземени се мерки и активности за расчистување на случајот. На 11 овој месец по добиена усна наредба за вршење претрес во дом и други простории издадена од судија на претходна постапка, извршени се претреси во домовите на пријавените лица. Двете пријавени лица се лишени од слобода, извршен е разговор со нив, при што второпријавениот во целост го појаснил текот и извршувањето на кривичното дело“, стои во соопштението на МВР.

Спонзорирано: