18.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ: Обврска на КФОР е да ја распушти косовската војска

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека намерата на Приштина да формира војска не е во согласност ниту со Резолуцијата 1244 и додаде дека должност на КФОР е да ја распушти таа војска.

Вучиќ вели дека Космет е најголема мака за Србите, особено поради потезите на Приштина и најавите за формирање војска, што не е засновано ниту со правото ниту со Резолуцијата 1244.

„Обврска на КФОР е да ја распушти војската. Но тоа нема да го стори, ќе рече дека сè се променило од како прогласиле независност“, вели Вучиќ, додавајќи дека тоа ги доведува во многу тешка ситуација, но им порача на сите мајки дека ќе направат сè што можат да му помогнат на народот на КиМ и да го сочуваат мирот.

Упати уште една порача до светот:„ Не понижувајте ги Србија и српскиот народ, бидејќи тоа нема да ви го дозволи ниту српскиот народ ниту Србија“.