10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Мицкоски да собере храброст и да каже алтернатива за ЕУ и НАТО за да може да учествува на ТВ-дуел

За да може да учествува на каков било ТВ-дуел Христијан Мицкоски прво треба да собере храброст и да каже јасен став за најважните прашања за иднината на Македонија, за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот од Преспа, одговори СДСМ на повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за ТВ-дуел со премиерот Зоран Заев.

„Мицкоски, охрабри се, кажи јасен став, која е алтернативата на ЕУ и НАТО?

Мицкоски, кажи зошто си против НАТО, зошто си против ЕУ?

Освен што ги брани криминалите на неговиот ментор Никола Груевски, Мицкоски досега не кажал јасен став за најважните прашања, дали е за членство во ЕУ и НАТО преку прифаќањето на договорот од Преспа. Напротив, со своите јавни настапи, со своите активности Мицкоски јасно се профилира анти ЕУ и анти НАТО.
Со таквите ставови, Мицкоски покажува дека е дел од антизападната матрица на некогашниот сопартиец Филип Петров, некогашниот коалициски партнер Јанко Бачев и гласноговорникот на режимот, Миленко Неделковски“, соопшти партијата.

Спонзорирано: