10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полициска рација во Стразбур, специјалци трагаат по напаѓачот на божиќниот панаѓур

Вооружени француски полицајци денеска започнаа рација во округот Нојдорф во Стразбур како дел од потрагата по напаѓачот кој уби тројца луѓе на божиќен панаѓур во овој источен француски град.

Елитната единица на француската полиција, RAID, е распоредена по една улица, а некои од вооружените полицајци претресуваат куќи во потрага по напаѓачот. Други го прошируваат безбедносниот периметар на соседните населби, објави агенцијата „Ројтерс“.

Засега не е јасно дали полицијата има информации дека напаѓачот се крие во оваа населба, каде што последен пат бил виден по нападот во вторникот вечерта.

По Шериф Чекат, напаѓачот во бегство, денес трагаат 720 полицајци низ источна Франција, иако не е сигурно дека тој уште е на територијата на оваа земја. Властите порачаа дека го бараат жив или мртов.

Чекат последен пат бил виден во населбата Нојдорф, од каде му се губи трага. За Чекат денска истрага отвори и германското обвинителство, поради соменжите дека тој успеал да ја премине границата меѓу двете земји и дека сега се наоѓа на германска територија.

Чекат не им е непознат на германските власти. Во 2016 година, тој бил осуден на две години и три месеци затвор поради грабежи, а таму отслужил нешто повеќе од една година пред да биде екстрадиран во Франција.

Спонзорирано: