8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ќе фрчат казни: Полицијата максимално ќе казнува за она што го прават многумина во Македонија

Како и секоја година околу новогодишните празници Министтерството за внатрешни работи испрати апел го граѓаните да не употребуваат петарди и други пиротехнички средства при прославување на новогодишната ноќ и деновите пред и по неа.

Како што истакнуваат тие толеранција за ваквите случаи нема да има и дека за нивно препродавање и употреба ќе следат големи казни.

Согласно Законот за употреба на пиротехнички средства или сличен материјал, се изрекува казна во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност, додека за неовластена изработка, продажва, набавка или размена следи казна затвор од три до десет години

„Ако предмет на делото е поголемо количество огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години. Ако делото е сторено во група, банда или друго злосторничко здружение, сторителот ќе се казни со затвор најмалку осум години“, информираат од МВР.