22.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британија нема да може да пребира нови договори за брегзит

Германија сака да избегне тежок брегзит, но Британија не може да пребира во врска со договорот, вели министерот за надворешни работи на Германија.

„Ќе сториме сè за да избегнеме тежок брегзит. Но, да биде јасно: Повлекувањето значи повлекување. Нема пребирање,“ напиша Хајко Мас на „Твитер“.

Неговите забелешки беа реакција по средбата на лидерите од ЕУ и британската премиерка, Тереза Меј, во Брисел, каде што Меј се очекува да бара ново одобрение за брегзит.

Министерот Мас ја елиминира можноста за повторно преговарање за нацрт-договорот кој беше заклучен во ноември, на што додаде дека тоа е фер компромис по долгите преговори меѓу ЕУ и Британија.

Во понеделникот Меј соопшти дека гласањето за брегзитот во парламентот ќе биде одложено со образложение дека договорот би бил отфрлен со голема разлика.

Портпаролот на премиерката подоцна соопшти дека гласањето ќе се одржи пред 21 јануари.