12.8 C
Скопје
16. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Папата Франциско: Сиромашните ги немаат истите човечки права како богатите

Сиромашните, неродените бебиња, затворениците и оние кои насилно исчезнуваат не ја уживаат истата заштита на човековите права како и богатите, рече денеска папата Франциско.

По повод 70-годишнината од Универзалната декларација за човекови права, тој рече дека има бројни противречности во начините на кои истата се применува, пренесе агенцијата АП.

Поглаварот на Римокатоличката црква ја обвини економијата базирана на профит дека ги искористува сиромашните.

„Додека еден дел од човештвото живее во богатство, има голем број други чие достоинство е погазено… Нивните основни права се игнорираат или се прекршуваат“, истакна папата.