14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Кремљ: Обвинувањата за вмешаност на Русија во протести во Франција се клевета

Обвинувањата за вмешаност на Русија во протестот за „жолтите елеци” во Франција се ништо друго освен клевета, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков истакна дека „Русија смета дека овие настани се француско внатрешно прашање”, пренесува ТАСС.

Како што додаде тој во својата изјава, Русија никогаш не се меша во внатрешните прашања на другите земји, вклучувајќи ја и Франција.

„Секоја изјава за вмешаноста на Русија не е ништо друго освен клевета”, рече Песков.

Тој истакна дека Русија има направено многу за развојот на билатералните односи со Франција, чијшто суверенитет ја почитува Русија.

Спонзорирано: