25.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Париз се подготвува за нови протести

Силни безбедносни мерки ќе го затворат утре центарот на Париз поради обидот на француските власти да спречат ново насилство на антивладините протести.

Покрај 8.000 полицајци, кои ќе бидат на улиците на престолнината, началникот на париската полиција идентификува 14 реони од висок ризик кои ќе бидат испразнети, меѓу нив и авенијата Шанзелизе.

Полицијата од овие делови ќе отстранети сè што би можело да биде искористено за време на нередите. Во земјата ќе бидат ангажирани речиси 89.000 полицајци за разлика од минатиот викенд кога беа распоредени 65.000, при што беа повредени повеќе од 130 лица, а уапсени над 400.

Спонзорирано: