14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Во петокот земјотрес проголта пат во Аљаска – денеска е веќе обновен

Патот кој што беше целосно уништен и буквално колабиран од силниот земјотрес кој ја погоди Аљаска во петокот, денеска е веќе целосно обновен. Светските медиумите ја пренесуваат неверојатната вест дека за само шест дена работниците успеале комплетно да го обноват уништениот пат кој настрада при земјотресот со јачина од 7 степени.

Патот кон Интернационалниот аеродром колабираше во земјотресот, при што се создаде огромна застрашувачка дупка. Но, на фотографиите кои што се објавени на Фејсбук може да се види колку брзо е поправена штетата што ја направи земјотресот.

Повеќе ја нема дупката, патот е целосно поправен и обележан.