11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Изложба „Постварување“ на Сотир Хаџи Николов

Утре, 7 декември, во 18.30 часот во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата „Постварување“ од уметникот Сотир Хаџи Николов од Гевгелија. Изложбата која содржи слики и објекти и е финансирана од Министерството за култура, ќе биде поставена до 20 декември.

Сотир Хаџи-Николов, роден на 29.08.1986 година во Гевгелија. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Гевгелија како и на Мултимедија центарот во Гевгелија. Има учествувано на симпозиуми во Македонија, Бугарија, Турција, Грузија како и на повеќе групни изложби. Изложбата насловена „Постварување“ е неговата втора самостојна изложба.

Спонзорирано: