5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Новиот мексикански претседател го продава луксузниот авион на неговиот претходник

Новиот мексикански претседател, Андрес Мануел Лопез Обрадор, чија инаугурација беше во саботата, веќе почна да ги исполнува своите предизборни ветувања, а едно од нив е и продажбата на авионот на неговиот претходник.

Обрадор уште за време на кампањата зборуваше дека тој авион е премногу раскошен.

Станува збор за „боинг 787-8 дримлајнер“, кој мексиканската влада во 2016 година го купи за 218 милиони долари, по што беше преуреден за потребите на претседателот, па неговата вредност се зголеми на 239 милиони долари.

„Ги продаваме сите авиони и хеликоптери што ги користеле корумпирани политичари“, изјави Лопез Обрадор, што значи дека покрај претседателскиот авион, новиот шеф на државата ќе продаде уште 60 владини авиони и 70 хеликоптери.

Обрадор победи на претседателските избори на 1 јули, по две неуспешни кандидатури и беше првиот претседател уште од мексиканската револуција кој во прв план изби како лидер на протести.

Неговите ветувања за обнова добро беа примени кај гласачите разочарани од големото ниво на корупција, криминал и мизерија.