11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мигрант убил тинејџерка во Германија

Седумнаесетгодишна девојка е убиена во германскиот град Санкт Аугустин. Полицијата уапсила деветнаесетгодишник со двојно германско и кениско државјанство, кој го признал убиството на девојката.

Исчезнувањето на девојката го пријавиле нејзините родители во петокот во близина на Ункел. Како што изјавиле за локалните медиуми, ќерката им рекла дека оди да се најде со пријателка во Бон. Сепак, како што е откриено од страна на полицијата, наместо тоа таа отишла во блиското засолниште за бездомници и азиланти, каде што живеел Германецот со кениско потекло, пренесе „Дојче веле“.

Германскиот весник „Билд“ го објави и името на убиецот – Бриан С., кој бил роден во Кенија и дошол во Германија како двегодишно дете, а жртвата е Елма Ц., чие потекло не се споменува.

Полицијата започнала потрага по исчезнатата девојка во која учествувале кучиња, хеликоптери и нуркачи, за на крајот нејзината облека и чантата да бидат пронајдени на брегот на езерото во близина на центарот за азил. Набрзо бил приведен и осомничениот, кој по испрашувањето им признал на инспекторите дека ја убил девојката, а нејзиното тело го оставил во својот мал стан.

Полицијата го пронашла телото на девојката во неделата навечер.

„Обвинетиот призна дека извршил насилство над неа. Затоа претпоставуваме дека станува збор за намерно убиство“, изјави државниот обвинител во Бон, Робин Фасбендер, за германската агенција ДПА.

Јавното обвинителство утврди дека убиецот и жртвата се сретнале во бар во Бон пред повеќе од една недела. До убиецот дошле благодарение на неговите објави на социјалните мрежи, кои вклучувале и нивни заеднички фотографии. Убиецот тврди дека со девојката отишле во неговиот стан, каде што се скарале, по што тој ја нападнал.

Спонзорирано: