14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шестмина полицајци убиени на територијата на најопасниот картел во светот

Во западната мексиканска држава Џалиско, во еден од најкрвавите напади на безбедносните сили во последните месеци, убиени се најмалку шест полицајци, што се случил во првата недела од преземањето на власта на новиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Државното обвинителство објавило на Твитер дека во пукотници во општината Ла Хуерта на брегот на Тихиот океан, шест полицајци се убиени, а еден е повреден, по само неколку дена од нападот на американскиот конзулат во Гвадалајари.

Не е јасно кој е одговорен за убиството кое се случило на територија со која владее нова генерација, една од најмоќните нарко-банди во Мексико.

Спонзорирано: