18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Притвор за 19-годишно момче поради кражби

Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Гостивар поднесе кривична пријава против 19-годишниот Д.Ѓ. од село Леуново, општина Маврово и Ростуше, поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела тешка кражба, соопштија од полицијата.

Од МВР информираат дека лицето во периодот од октомври 2018 до декември 2018 година на подрачјето на неколку населби во Гостивар извршил пет тешки кражби во викенд-куќи.

„Со употреба на сила и погоден предмет тој влегувал внатре и одзел два пиштола – експонати, воздушна пушка „црвена застава“, разновиден алат, компјутери, алхохолни и прехранбени производи и на тој начин стекнал со противправна имотна корист од 76.500 денари“, стои во соопштението на полицијата.

Од МВР додаваат дека од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.