Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кривично досие за британската лекарка што незаконски давала хормони за промена на полот на деца

Британска лекарка, која им давала хормони за промена на полот и на деца на возраст од 12 години, е казнета со парична казна од 14.000 фунти кога била кривично осудена за водење нелегална онлајн-родова клиника од својот дом во Велс, пренесува „Брејтбарт“.

Хелен Веберли беше прогласена за виновна за нелегално давање медицински услуги минатиот месец кога продолжила да работи во приватната клиника и им ги давала хормонски третмани на деца иако регулаторот одбил да ѝ даде лиценца.

Окружниот судија Нил Томас изјави дека обвинетата покажала јасно одбивање да го почитува законот откако судот дознал дека таа работела без дозвола од март 2017 до февруари 2018 година. Инспекторатот за здравство Велс, кој рече дека клиниката претставува ризик за јавната безбедност, и не ѝ даде дозвола на Веберли за онлајн-услуги минатата година.

Генералниот медицински совет отвори истрага за Веберли по жалбите дека издава хормонски лекови кои предизвикуваат трајни промени во телото на деца на возраст од 12 години на кои им бил одбиен третман во Националната здравствена служба, чии водичи посочуват дека децата мора да бидат на возраст од 16 години.

Откако судот во понеделникот ѝ наложи да плати глоба од 12.000 фунти и од 2.000 фунти покрај трошоците од 11.307 фунти, Веберли изјави дека е шокирана од одлуката.