5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривичнa пријавa против двајца лихвари од Радовиш

Надворешната канцеларија за криминалистички работи – Радовиш поднесе кривична пријава против две лица од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела лихварство и изнуда.

Како што информираа од полицијата, во текот на 2017 и 2018 година првопријавениот, или 62-годишниот радовишанец Д.К., им дал заем од 500 евра на С.П. од село Ораовица и на неговата невенчана сопруга Н.П.. По тоа, тие, покрај основиот долг, во повеќе наврати му исплатиле дополнителен износ од 21.000 денари.

Во истиот тој период второпријавениот Т.Ј. на возраст од 77-години му дал заем од 50.000 денари на С.П., а тој за седум дена, покрај основниот долг, му исплатил дополнителен износ од 5.000 денари, велат од полицијата.

По ова, во јуни годинава пријавените отишле во домот на С.П. во село Ораовица и го принудиле да потпише изјава за долг од дополнителни 975 евра по што двајцата континуирано му барале исплата на наведената сума, со месечна камата од 10 проценти, велат од МВР.

Спонзорирано: