14.8 C
Скопје
15. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Жестоки реакции за лажната вест на актерката Ристиќ

Актерката Ирена Ристиќ на својот Фејсбук профил објави дека девојчето кое неодамна се удави во реката Вардар, бегајќи од улични кучиња, било убиено од својот татко, бидејќи се заљубило во друго момче, а било ветено за момче од Турција.

Дека веста е целосна дезинформација добивме потврда и од надлежните институции.

Но ова скандалозно пишување наиде и на осуда од повеќе јавни личности меѓу кои и еминентниот македонски новинар Борјан Јовановски:

-Да напишеш дека татко си убил ќерка во обид да оправдаш куче треба да е во прашање сериозна патологија. Не би сакал ни да претпоставам како се чувствува таткото од оваа лажна вест чиј автор како и во други случаи на ширење на лажни вести е извесна , што и да , е која во јавноста се декларира како интелектуалка., напиша Јовановски.

Не стивнуваат ниту реакциите на социјалните мрежи кои осудуваат ширење на лажни вести.

https://www.facebook.com/680110108/posts/10161039695650109/