Во периодот по полноќ до 02.30 часот полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект во село Боговиње, сопственост на 34-годишниот Н.С. од село Боговиње.
Притоа, во објектот биле затекнати пет женски лица кои ги забавувале гостите. Од нив две се од Република Македонија, а три се странски државјанки(две од Република Албанија и една од Косово.
Странските државјанки биле приведени и задржани во Полициската станица Тетово за понатамоша постапка.