12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Усвоен нацрт-амандманот за измените кај АСНОМ и додавањето на Рамковниот договор

Со 65 гласа „за“, 18 „против“ и 8 воздржани, Собранието го усвои и вториот нацрт-амандман на Уставот.

Со вториот нацрт-амандман се предвидува зборовите „одлуките на АСНОМ“ да се заменат со „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ”, а тука се додава и Охридскиот рамковен договор.

Претходно, пратениците го усвоија првиот нацрт-амандман за промена на името на државата, а утре во 11 часот ќе продолжи седницата на која ќе се дискутира и гласа за останатите измени.

По усвојувањето на четирите уставни амандмани во Собранието, Владата ќе треба да организира јавна расправа од три дена, по која што ќе треба да достави извештај до Собранието.

Финалното носење на амандманите ќе следи по владиниот извештај, кога претседателот на Собранието, Талат Џафери е должен во рок од 30 дена да закаже нова седница, за која повторно ќе биде потребно двотретинското мнозинство.

Спонзорирано: