8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

АХВ: Констатирани се неусогласености кај дел од општините во решавање на проблемот со бездомните кучиња

Агенцијата за храна и ветеринарство активно работи на создавање услови за решавање на проблемот со бездомните кучиња, инфомираат од агенцијата и додаваат дека испратен бил допис до сите општини кои имаат законска обврска за воспоставување на соодветен систем за контрола на популацијата бездомни кучиња.

„Од страна на официјалните ветеринари се вршат контроли дали локалните самоуправи имаат донесено план и програми за контрола на популацијата бездомни кучиња и во која фаза на реализација се во делот на изградба на прифатилишта за бездомни животни, како најсоодветен систем за контрола на популација на кучиња кој општините имаат законска обврска да го воспостават.

Со контролите констатирани се неусогласености кај дел од општините. Даден е рок за нивно отстранување, по што доколку не се постапи по истите, согласно законските надлежности, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе изрече и законски казни“, се наведува во нивното соопштение.

Во соработка со Ветеринарната комора и ветеринарните друштва, како што посочуваат од агенцијата од септември годинава се спроведува процесот на идентификација на милениците, за што АХВ обезбедила 100 илјади бесплатни микрочипови. Во модулот за домашни миленици во Ветеринарно информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство во моментов се евидентирани 21 809 миленици, најголемиот дел кучиња, се додава во соопштението.

Спонзорирано: