14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Загадени сме како Пакистан и Бангладеш

Скопје и Македонија се апсолутни рекордери по загаденост во светски рамки и се наоѓаме во друштво на земји како Пакистан и Бангладеш, вели опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Граѓаните секојдневно се соочуваат со сериозни здравствени проблеми, особено хронично болните, децата и постарите. Зоран Заев и Петре Шилегов не реализираа ниту еден проект за подобрување на воздухот. Додека беа во опозиција ветуваа дека само што ќе се смени власта воздухот ќе се подобри магично. Еве и речиси после 2 години не знаат кај тераат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата додава дека неодговорноста на власта нема граници и до нив не допираат анализите на реномираните универзитети низ светот каде кажуваат дека со загадувањето на воздухот се намалува просечниот живот на човекот за скоро две години.

„Десетици граѓани дневно завршуваат на лекар и ги полнат скопските клиники токму поради проблемите со здравјето настанати од загадениот воздух. Во Македонија, според Светската здравствена организација на годишно ниво умираат околу 3000 луѓе поради лошиот квалитет на воздухот“, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Спонзорирано: