14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ за статусот на Мицкоски: Тој и Груевски се виновни за прислушувањата

Токму ВМРО-ДПМНЕ, Груевски и Мицкоски се директни виновници за најголемиот скандал со нелегално прислушување во историјата на Европа, остатоците од режимот ќе се соочат со правдата, реагира СДСМ, по обвинувањата што ги изнесе претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку статус на „Фејсбук“.

„Нервозата на Мицкоски од сите негови неуспеси да го одбрани криминалот на неговиот ментор, Никола Груевски, од неуспехот да ја закочи иднината на Македонија во НАТО и ЕУ се манифестира со безобразно пласирање лаги. Мицкоски со лаги, целосно неуспешно, се обидува да ја оттргне вината за неговото учество во најголемите скандали, меѓу кои и она со прислушувањето“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Владејачката партија вели дека ВМРО-ДПМНЕ, партијата со најголем скандал за прислушување во историјата на Европа, во чие време се монтирале прислушни уреди по институции, денеска неуспешно сеобвинува да обини дека некој друг прислушувал.

„Токму во тоа црно време на режимот Мицкоски беше генерален секретар на партијата и десна рака на осудениот криминалец Никола Груевски, советник во неговиот кабинет. Граѓаните знаат и паметат дека токму Мицкоски на прес конференција застана против Специјалното јавно обвинителство и побара негово укинување со што уште еднаш се стави во директна одбрана на сите криминали на Никола Груевски“, додава СДСМ.

Социјалдемократите уверуваат дека институциите работат професионално и независно, а човековите права се почитуваат и унапредуваат. СДСМ очекува од надлежните институции до крај да го расчистат овој случај започнат уште во 2016 година.

„Виновниците за нелегалното прислушување во правосдусните институции ќе бидат пронајдени и соодветно санкционирани“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Спонзорирано: