7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Захарова: Можна граѓанска војна во цела Украина

Москва е загрижена дека би можело да избие граќанска војна во цела Украина по прогласувањето воена состоја во земјата. Русија ги повика ОН, ОБСЕ, Советот на Европа и другите меѓународни организации да обрнат внимание на кршењето на човековите права во таа земја, изјави портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

„На украинската војска и` се доделени ексклузивни овластувања, вклучително и вонсудска употреба на сила, што претставува сериозна опасност бидејќи граѓанска војна би можело да ја проголта целата земја“, рекла Захарова, зборувајќи за прогласувањето воена состојба во десет украински региони, пренесе ТАСС.

Според неа, законот со кој воената состојба е прогласена поради возвраќање на руската агресија, наложува ограничување на основните човекови права и слободи, вклучително и слободата на изразување, собир и движење.

Спонзорирано: