13.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

За време на викендот делови од Скопје без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат во текот на викендот ќе останат повеќе делови од Скопје.

Имено, како што соопштуваат на 1 декември, в сабота, во период од 8:30 до 14:00 часот, без струја ќе останат корисниците од улица Стив Наумов, Тетовска, Јосиф Јосифовски-Свештарот, Славе Ѓорѓиев и дел од булевар Кочо Рацин, поточно објектите на Центарот за социjално и здравствено сигурување, Црвениот крст и околнината во општина Центар.

Понатаму, на 2 декември, в недела, без струја во период од 7:50 до 18:20 часот ќе бидат корисниците од дел од булевар Киро Глигоров, поточно објектите на „Бриколаж“, „Нептун“, „Бонум“, поранешна кланица „Годел“, „Бетон Скрепер“, поранешен магацин „Славија“ и други во општина Гази Баба.

Додека на 3 декември, понеделник, во период од 9:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од подулица број 73 во село Волково во општина Карпош, како и корисниците од булевар Теодосиј Гологанов број 15 и околните објекти, исто така во општина Карпош, и тоа во период од 10:00 до 14:00 часот.