13.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Заев: Плаќањето на даноците и другите обврски се одговорност кон државата

https://www.youtube.com/watch?v=gyoavi8Bn40 За да имаме квалитетно здравство, современо образование, за да се градат нови болници и амбуланти, нови училишта и градинки, нови патишта и инфраструктура, за да има доволно пари за пензии и плати во јавната администрација, за социјална помош и сите облици на финансиска државна поддршка, за да ни оди државата напред – плаќањето на даноците мора да биде императив како чин на заедништво, човечност и колективна зрелост, порача премиерот Зоран Заев на одбележувањето на Денот на даночници и на даночиот систем во Република Македонија, во организација на Управата за јавни приходи.

Станува збор за основната функција на државата, рече Заев, преку која се обезбедува нејзиното нормално функционирање, нагласувајќи дека јавните приходи ги овозможуваат јавните услуги.

!За да одговори државата на обврските кон граѓаните и нивните потреби, тие мора да ја исполнат одговорноста кон државата. Јас искрено верувам во граѓаните на Република Македонија. Оваа година, заклучно со октомври, бележиме одлични резултати и имаме зголемување на даночните приходи за 7% во однос на истиот период лани. Овие резултати се и ваш успех – на даночните работници и Управата за јавни приходи. Сакам да ви оддадам признание за вашата одлична работа“, истакна Заев.

Според премиерот, преку воведување на реформата Е- персонален данок Управата за јавни приходи храбро и одлучно ја доближи Република Македонија до стандардите на работа на европските даночни институции.

„Во 2019 година, заклучно со јануари, исправени сме пред заеднички предизвик – го воведуваме праведниот даночен систем. Целта е да создадеме едно праведно фер општество кое ќе нуди еднакви можности за сите. Фер е оние што заработуваат повеќе да им помогнат на оние што немаат за и тие да можат да најдат работа и да заработуваат за своите семејства и со тоа активно да учествуваат и придонесуваат во економскиот живот“, нагласи премиерот Заев.

Тој посочи дека финансиските средства собрани од праведните даноци во целост ќе се искористат за намалување на сиромаштијата и за активирање на луѓето во социјален ризик на пазарот на трудот.