11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во центарот на Мадрид забрана за возила што ја загадуваат атмосферата

Градските власти во Мадрид поведоа налог за спречување на загадувањето што значително ги ограничува приватните возила во центарот на градот, а вклучува и целосна забрана за автомобили што најмногу ја загадуваат атмосферата.

Планот за кој многу се дискутира во јавноста воспоставува зона со ниска емисија на површина од 472 хектара во срцето на шпанската престолнина, пренесува агенцијата АП.

Забраната важи за возила што користат бензин, а се произведени пред 2000 година и дизел-возила пред 2006 година. Доколку возачите на вакви автомобили сакаат да ја избегнат забраната, треба да платат казна од 90 евра.

Само автобуси, таксивозила и некои службени се исклучени од забраната, а таа не се однесува на електричните автомобили.

Некои локални политичари велат дека планот ќе има мал ефект врз квалитетот на воздухот и дека мерката е со цел публицитет за градоначалничката Мануела Кармен.

Кармен денеска рече дека оние што се противат на ограничувањето ќе се навикнат и ќе ја зголемат употребата на јавниот превоз.

Спонзорирано: