14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Јапонија откриени шест тела во планински град

Властите во јапонскиот град Такачихо откриле шест мртви тела, вклучувајќи и тело на 7-годишно девојче.

Полицијата ги открила телата во една куќа во сопственост на 72-годишниот Јасуо Ихоши, откако член на семејството пријавил дека никој не му одговарал на повиците.

Едно од телата било пронајдено пред куќата, додека три машки тела и две женски тела биле пронајдени во внатрешноста на куќата. Дел од жртвите биле прободени, но оружјето со кое се извршени убиствата засега е непознато.

Јапонија, која важи за една од најбезбедните земји во светот, има многу ниска стапка на убиства, а масовните убиства се многу ретки.

Полицијата го објави и идентитетот на жртвите, односно 66-годишната сопруга на Јасуо, нивната 41-годишна снаа, како и 21-годишниот внук и 7-годишната внука. Шестата жртва не е член на семејството, туку близок пријател.