14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Германија и натаму е заинтересирана за рускиот гас

Германија сè уште е посветена на гасоводот „Северен тек 2“, кој ќе ѝ овозможи на Русија да пренесува гас во Европа заобиколувајќи ја Украина и покрај ескалацијата на тензиите во регионот, рече денеска портпаролот на германската влада, Штефан Зајберт.

„Запознаен сум со критиките по однос на ова прашање, но од наш аспект не е променета суштината на економскиот проект ‘Северен тек’“, рече Зајберт.

Додаде дека Германија сè уште сака да обезбеди Украина да остане транзитна земја за гас од Русија до Европа, објави „Ројтерс“.

По ескалацијата на тензиите меѓу Русија и Украина откако руските сили во неделата запленија три украински брода во Црното Море, САД и некои европски земји ја интензивираа критиката кон овој проект.

Критичарите тврдат дека гасоводот ќе ги направи Германија и Европа премногу зависни од Русија кога станува збор за снабдувањето со енергија.